Јужна Кореја: Нема докази дека лицето кое избегало од Северна Кореја има коронавирус
Здравствените власти во Јужна Кореја соопштија дека немаат докази дека лице кое избегало во Северна Кореја било заразено со коронавирус, поради што е затворен севернокорејскиот граничен град и прогласена е вонредна состојба, јави новинската агенција Yonhap..
Севернокорејските државни медиуми во неделата објавија дека едно лице кое се вратило нелегално од Јужна Кореја, страдало од ковид-19, што би бил првиот случај на коронавирусот што Пјонгјанг и официјално го потврди.
Но, еден официјален претставник на Јужна Кореја рече дека здравствените власти не откриле никаква врска помеѓу тоа лице и какви било потврдени случаи на вирус во државата.
„Тој човек не е регистриран како пациент со коваид-19, ниту пак беше класифициран како личност што била во контакт со вирусот“, рече висок претставник на здравствената состојба Јун Тае-хо на прес-конференција, јави Yonhap..
Илегален граничен премин
Не е познато дали Јужна Кореја го тестирала споменатиот човек за коронавирус.
Јужнокорејската војска соопшти дека спорното лице се верувало дека нелегално ја преминало границата преку островот Гвангва, на западниот дел на земјата и влегло во земјата преку дренажен канал за да ги избегне граничарите на Јужна Кореја.
Поединецот, кој избегал во Јужна Кореја пред три години, наводно се вратил преку зацврстената граница одвојувајќи ги двете Кореи во јули и пристигнал во градот Каесонг со симптоми на ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, јави КЦНА.
Владата во Пјонгјанг тврди дека во земјата нема пријавени случаи на инфекција со коронавирус, но многу малку се знае за вистинската здравствена состојба во таа затворена земја.