Како кози преку ноќ и донесоа милион долари? Бизнис идеја на годината
Кога Даниела ди Пилја од Австралија дошла на идеја да направи нов вид на сапун, не ни сонувала дека тоа ќе ја збогати.
Како фармацевт, само сакала да направи производ кој би можела да го препорача на многу пациенти кои и доаѓале со проблеми со сува кожа или екцем и псоријаза. Сега има семејна фирма и го продава својот спаун од козјо млеко ширум светот.
Преку еден австралиски аутлет синџир решила да го пласира сапунот и на кинескиот пазар каде за 24 часа продала 350 000 парчиња сапун и така заработила милион долари.
Го искористила кинескиот празник денот на осамените на Алибаба и станала буквално милионерка преку ноќ.
Таа исто така го срушила и својот рекорд од пред две години кога и биле потребни 45 минути да ја продаде истата количина.
„Многу сум задоволна со резултатот, дупло подобро поминав отколку ланската есен“, вели Даниела.
Таа има околу 40 производи во својот асортиман, а неодамна покренала и линија за деца, планира да направи и производи за заштита од сонце.