Како Русите ја правеа вакцината против коронавирусот?

Светот не престанува со реакциите за руската вакцина против коронавирусот. Шест земји веќе се пријавија за испорака.

Рускиот претседател Владимир Путин, претходно објави дека Научниот институт „Гамалеја“ ја регистрирал првата вакцина против корона вирусот во светот, и дека нејзиното производство ќе започне наскоро.

Производството на првите дози на вакцината против Ковид-19 веќе започна во руската фармацевтска компанија АФК „Бинофарм систем“.


Се очекува фабриката да произведува до 1,5 милиони дози годишно и е само една од многуте кои работат на брза испорака над потребната вакцина, што би можело да го означи крајот на пандемијата на коронавирусот.

Вкупното производство на лекови наречено „Спутник V“ се очекува да достигне 500 милиони дози во првите 12 месеци.