Каков е соодносот: Дали во Македонија има повеќе мажи од жени? Ќе се изненадите
Во повеќето
европски земји има повеќе жени од мажи, а според американската ЦИА, една баклканска
земја има најлош однос меѓу мажите и жените. Иако многумина не можат да
поверуваат дека тоа е така, сепак истражувањето е валидно и документирано.
Хрватска е земјата од најблиските до нас која има најмалку мажи во однос на жените, ама жени има за „извоз“.
Односот на мажите кон жените се пресметува со споредување на вкупното население во една земја. Ако има повеќе мажи од жени, тој број е поголем од еден, ако има повеќе жени од мажи, тој е помалку од еден. Според ЦИА и едукативниот блог Јакуб Маријан кој направи карта на европските земји, покажува дека недостигот на мажи е најизразен во земјите од Источна Европа и Балтикот.
Латвија има најмал процент на мажи во цела Европа, со сооднос 0,85. Следат Литванија, Русија и Украина со нешто повисоки 0,86, а потоа следат Белорусија со 0,87 и Естонија со коефициент 0,88. После нив, најмалку мажи има во Унгарија, со сооднос од 0,91.
Хрватска има сооднос од 0,93, како и Италија. Интересно е што Хрватите, Македонците и Италијанците се исто така на врвот на списокот на европски мажи кои не сакаат да го напуштат домот на своите родители, така што повеќе од 70% од нив уживаат во кујната на својата мајка и други придобивки од семејното гнездо до 35-годишна возраст. Словенија и повеќето балкански земји - Босна и Херцеговина, Србија, Романија, Бугарија и Грција - имаат сооднос машко-женско од 0,95.
Е тука доаѓаме до Македонија. Заедно со Црна Гора имаме скоро идеални 0,99 што значи дека населението ни е половина машко, а половина женско.
Ова погоре укажува дека ако маќите немаат се уште најдено сродна женска душа, време е да одат во Хрватска, а жените во Косово.
Европската земја со најмногу мажи без конкуренција е Косово, чиј сооднос е дури 1,06. Со просечна возраст од 29 години, Косово е исто така земја со најмлада популација во Европа, што може да биде причина за овој однос машко-женски.
Повеќе машки од женски бебиња се раѓаат ширум светот (овој однос варира од 1,05 до 1,07 во европските земји), но мажите во сите земји во светот умираат порано, најмногу затоа што прават поопасни и физички исцрпувачки работи од жените и се грижат помалку за здравиот начин на живот.Извор: 100posto