Каков пијалок крие Владимир Путин во неговиот бел термос: Напивката која го продолжува животот
Можеби сте забележале дека рускиот претседател Владимир Путин често има бел термос со него на конференции. Конечно беше откриено за што станува збор.
- Знаете, јас дури и не пијам црн чај. Јас пијам само чај од билки од Алтај - изјави неодамна претседателот на Русија и со тоа конечно ја откри тајната на белиот термос.
Патем, Алтај е планински венец што се протега помеѓу Монголија, Казахстан, Кина и Русија, со што се создава природна граница.
Фактот дека Путин често пие со странски службеници од бел термос сведочи за тоа колку ја сака природатана Алтај.
Инаку, планините Алтај се нарекуваат зелена аптека на земјата, затоа што тоа е една од последните оази на загадениот дел од планетата каде растат ретки ендемични лековити растенија, кои по својата чистота ги надминуваат стандардите на органски одгледуваните, е најдобриот доказ за тоа колку се корисни тревите од оваа планина.
Се верува дека овој чај од билките на Алтај делува на тонусот на организмот благодарение на богатството на биолошки активни супстанции, витамини, како и изразената поддршка на имунолошкиот систем. Ја зајакнува општата отпорност на организмот, го зајакнува имунитетот, дава енергија и елан. Исто така, тој е одличен чистач на телото, детоксикатор и делува и како антиоксиданс, кој ги спречува штетните ефекти од процесот на оксидација во организмот, за кои се смета дека се едни од причините за многу хронични заболувања во современиот свет.
Чајот од алтај, патем, содржи дури 24 билки, како што се камилица, сибирски бор, брусница, коренот на империјалното растение, рибизла, се наведува во текстот на „Рускиот лекар“, кој дополнително ги објаснува придобивките на секоја од нив.