Какви генијалци! Зошто Јапонците седат на под додека јадат: Зад ова се кријат седум здрави причини

Додека седите опуштено на маса и јадете, може да се чувствувате пријатно, но тоа не е нужно најдобро за вашето здравје. Ние поминуваме многу време седејќи на работа, и се враќаме дома седејќи во автомобил или во јавен превоз. Потоа влегуваме во кујната и седнуваме на масата да вечераме.

А, повеќето луѓе во Јапонија седат на подот додека јадат, додека веројатно нема да најдете столови во земјата на изгрејсонцето, дури и во ресторани со пет ѕвезди.

Оваа јапонска навика има бројни здравствени придобивки, а „Bright Side“ наведе и кои.

Помага при варење

Кога седите на подот со скрстени нозе и јадете, истовремено правите јога. Оваа позиција се нарекува лесна поза или сухасана и се верува дека го зголемува протокот на крв во стомакот, помагајќи да се вари храната и да се добијат повеќе витамини и хранливи материи. Кога ќе се наведнете напред за да земете храна од чинијата, а потоа да се вратите во почетната позиција за да ја проголтате, ги зајакнувате мускулите во стомакот, што пак може да спречи надуеност.

Ви помага да изгубите тежина

Седењето на подот додека јадете му помага на вагусниот нерв подобро да функционира. Кога вашиот дигестивен систем ослободува хормон наречен лептин, тој испраќа сигнал до вагусниот нерв дека сте сити. Правилната функција на овој нерв може да ве спречи во прејадување.

Ве прави пофлексибилни

Седењето на подот ги истегнува колената и колковите. Оваа позиција спречува премногу да се виткате и ги зајакнува грбот и рамената.

Тоа ви помага да живеете подолго

Ако лесно можете да станете од положбата на вкрстени нозе без никаква помош, големи се шансите да живеете подолго. Се покажало дека седењето на под додека јадете и станувате неколку пати е еден од најлесните начини да додадете неколку години во вашиот живот.

Ги одржува здрави зглобовите

Кога седите долго на стол, колковите се вкочануваат. Од друга страна, седењето на подот ви овозможува да ги истегнете колковите и глуждовите, правејќи ги зглобовите пофлексибилни. Некои пози на седење, како што се клекнување и сквотирање, ги прават мускулите да работат дури и кога одмарате затоа што ве охрабруваат да зафаќате мускули кои не се активни додека седите на стол.

Го подобрува држењето на телото

Кога столот не ви го потпира грбот, тоа ве охрабрува да ги зафатите вашите основни мускули, што пак е од корист на вашето држење на телото.

Го смирува умот

Седењето на под додека јадете, исто така го смирува вашиот ум. Кога вашиот ум е мирен, можете да уживате во храната повеќе и да јадете додека не се чувствувате сити.

Извор: 24седам.рс

Фото: Пинтрест