Какво значење се крие во „гордоста“ на античките машки статуи?
Сигурни сме дека сите сте приметиле дека мусклулестите камени мажи имаат прилично неприметни полови органи..
Денес, во 21 век,
машките полови органи се доживуваат како гордост,сила и показател на неговата
машкост. Томку поради тоа важи правилото дека најпривлечни и најпосакувани се
мажите кои имаат повеќе центиметри во гаќите. Меѓутоа, таквите правила не важеле
во античките времиња, што јасно може да се види на статуите.
Сите јунаци, херои и богови, се претставени како силни и убави мажи со мали пениси. Причината за тоа е што тогаш се сметало дека малиот пенис е симбол на машкоста, плодноста и на паметот. Исто така, половиот огран не бил симбол на сексот и се тоа се доживувало на многу поразличен начин од денес, па токму поради тоа акцентот повеќе го ставале на изгледот на нивното тело, поради што статуите се претставени како денешните бодибилдери.
Постојат статуи кои имаат големи полови органи, но тоа се обично статуи кои ги претставуваат демоните, односно сатирите, полу-луѓе – полу-животни и луѓе кои имале оромен копнеж кон разни пороци, а особено за алкохол.
Во античката идеологија, малиот пенис претставувал умереност, мудрост и рационалност, а се смета дека тогаш малата величина на пенисот била нормална, бидејќи поголемиот број на мажи имале помали пениси.