Забава // Занимливости
Канје Вест си гласаше за себе во трката за Американски претседател: Нема апсолутно никакви шанси
- 04 Ноември, 2020
„Денес гласам за прв пат во животот за претседател на Соединетите држави и тоа е за некој во кој навистина верувам ... за мене“, напиша раперот Канје Вест на Твитер од американската држава Вајоминг.
Тој се кандидираше за претседател на Америка, но нема никакви шанси. Преходно, во јавноста излезе на митинзи со нарушено ментално здравје, а неговата сопруга, старлетата Ким Кардашијан кажа дека има биполарно растројство.
Ким не ја поддржа јавно кампањата на Вест и на 3 ноември ја објави ретвит пораката за жешките линии на гласачите од кандидатот за потпретседател на демократите Камала Харис. Во јули, Вест ја започна својата кампања со непостојани изјави што предизвикаа загриженост во врска со неговото ментално здравје.