Кинеските воени лекари истакнаа: Дистанцата од 2 метри не е доволна, еве каде НАЈЧЕСТО СЕ ЗАДРЖУВА вирусот
Правилните мерки на претпазливост може ефикасно да ја спречат инфекцијата.
Новото истражување кое ги испитуваше примероците во воздухот од болничките одделенија со пациентите позитивни на Ковид - 19, открива дека вирусот може да помине и до четири метри - двојно повеќе од растојанието до кое требало да се придржуваме.
Овие прелиминарни резултати од тимот кинески истражувачи се објавени во списанието Emerging Infective Diseases.
Истражувачите од Академијата за воени медицински науки во Пекинг тестирале примероци од одделението во болницата „Хоушеншан“ во Вухан.
Помеѓу 19 февруари и 2 март, тие сместиле вкупно 24 пациенти.
Откриле дека повеќето од вирусите биле на подот на одделот, а тоа го препишале на гравитацијата и струењето на воздухот, поради што предизвикало повеќе капки вирус да паднат на земја.
Високо ниво исто така е пронајдено и на површините кои се допираат, како што се „мауси“ за компјутер, канти за отпадоци и кваки.
Исто така, половина од примероците од ѓоновите на чевлите на медицинскиот персонал на себе го носеле вирусот, па може да се заклучи дека ѓоновите на чевлите на медицинскиот персонал може да бидат носители.
Охрабрувачки е тоа што ниту еден член од вработените во болницата не е заразен.