Работник кој работи на реставрација на црква во Антверпен, Белгија, пронашол скриена порака на таванот.
Пораката била напишана на парче хартија преклопено и зачувано во кутија за кибрит, вметнат во централниот украс на таванот на црквата Св.Јаков.
Откриено е дека пораката е напишана на 21 јуни 1941 година и во неа четворица мажи, потпишани како Џон Јансен, Џул Гиселинк, Луис Шантрајн и Џул Ван Хемелдонк, оставиле записи за идните генерации.
Во него тие ги опишале тешките услови во кои живееле и оставиле неколку совети за идните генерации.
„Таванот беше обновен во 1941 година, а следниот пат кога ќе треба да се обнови, ние повеќе нема да бидеме меѓу живите.
Ние сакаме да им кажеме на идните генерации дека немавме среќен живот. Поминавме низ две војни, онаа во 1914 година и онаа во 1940 година, и тоа вреди нешто, зарем не?
Работиме овде на работ на гладта, не експлоатираат за неколку парички и речиси без храна.
Ние сакаме да оставиме совети за идните генерации, кога ќе настапи нова војна. Чувајте поголеми количини храна како ориз, кафе, брашно, тутун, грав и жито за да преживеете.
Уживајте во животот најдобро што можете и повторно оженете се доколку е потребно. За оние кои веќе се во брак: грижете се за вашето семејство. Поздрав “, гласи пораката, која трогна многумина.