„Клин со клин се избива“? Науката потврди: Бабините приказни сепак вистина
Советите и теориите што кружат меѓу луѓето, пренесувани од генерација на генерација, често пати се нарекуваат бабини деветини, а понекогаш и лесно ги отфрламе, но има и такви што, според научните истражувања, се покажале како вистинити.
Пилешка супа како лек
Сите сме слушнале од напите баби дека кога некој ќе фати настинка, треба да јаде супа од пилешко. Се покажа дека има вистина во тоа. Иако пилешката супа нема целосно да ве излечи од настинка, тоа ќе ги ублажи симптомите. Научниците открија дека пилешката супа всушност може да го намали воспалението со забавување на активноста на белите крвни клетки кои се одговорни за предизвикување воспаление. Значи- јадете супа ...
Едно јаболко на ден ве држи подалеку од докторот
Да, сите знаеме дека треба да јадеме овошје секој ден и дека е добро за нашето здравје. Но, јаболко? Дневно? Се чини дека приказната на баба не е измислица, всушност е сосема точно. Една студија од 2013 година открила дека ако сите луѓе постари од 50 години во Велика Британија јаделе по едно јаболко на ден, тие всушност би спречиле или одложувале 8.500 срцеви и мозочни удари секоја година. Значи, јадете јаболка.
Полна месечина
Не, не измислувате кога вашите деца изгледаат како поулавени кога Месечината е полна. Оваа бабина приказна се раскажува со векови, поточно дека некои луѓе го менуваат расположението за време на полната месечина, а не само луѓето, туку и животните. Во принцип, истражувачите допрва треба да докажат дека однесувањето, плодноста и стапката на наталитет се под влијание на лунарната шема. Но, една студија докажала дека на некои луѓе им е многу тешко да спијат за време на полната месечина, и покрај ролетите.
Клин со клин се избива
Пиевте премногу и имате мамурлак? Секој ја знае изреката „Клин со клин се избива“, што сугерира дека треба да пиете еден алкохолен пијалок за да се ослободите од мамурлакот. Науката вели - дека е вистина. Истражувачите покажаа дека консумирањето мала доза алкохол всушност може да го олесни мамурлакот. Но, сепак еден збор, две предупредувања - олеснување на ефектот на мамурлакот на овој начин може да ја зголемат зависноста од алкохол и со тоа да создадат злобен круг. Значи, најдобриот начин да се избегне мамурлакот? Пијте огромна чаша вода пред спиење. Или уште подобро, само не пијте толку многу!
Броете овци за да заспиете полесно
Се покажа како точно. Не е направена посебна студија што докажува дека броењето овци навистина влијае на спиењето, ама употребата на визуелизација или менталните снимки сигурно може да ви помогнат да „одите брзо во земјата на соништата“. Како? Помага да се одвлечат мислите од стресните мисли или вознемирени мисли кои често пати се поврзани со несоница.