Кога би зборнал, би ја кажал цела историја за Македонија: Охридскиот чинар, вековниот нем сведок
Се смета дека охридскиот чинар бил засаден кон крајот на деветтиот и почетокот на 10 век, во време кога во Охрид престојувал заштитниокот на градот Свети Комент Охридски. Ова дрво во последниве децении неколку пати беше оштетено во временски неприлики, а делови од него отпаѓаа и поради старост.
Ова историско дрво може да се најде во југо-источните подрачја на Балканот. Чинарот расте до 40 метри висина со дебелина на стеблото до 3 метри. Неговиот прекрасен цут може да го забележите во текот на месец април. Неговите цутови се собрани во соцутија, наредени во машки и женски околу оски. По цутењето машките соцутија се сушат и паѓаат, а женските се развиваат во топчести плодови кои узреваат на есен.
Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, единечното дрво чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот Чинар, инаку дел од долгата историја на Градот, но и препознатлив дел од неговата туристичка понуда, е прогласено за природна реткост. Називот на природната реткост е „Чинар – Охрид“. Решението доаѓа по претходно изработениот елаборат за валоризација, санација и ревитализација на чинарот на плоштадот Чинар од страна на Општина Охрид и Одлуката на Советот на Општина Охрид за потребата од прогласување на стариот чинар за природна реткост.
Дрвото низ вековите е претежно оштетено од природни непогоди и поголем дел од неговата габаритност ја нема сега, но сепак стои исправено како споменик на прирдата и нем сведок на сите настани кои се случил во Охрид.