Колективниот имунитет на коронавирус е можен само со голем број мртви: Нова студија
Нова студија:
Широката шпанска студија за коронавирус откри дека само 5% од населението на земјата развило антитела на ковид-19, што дополнително ги поддржува претходните докази дека е речиси невозможно да се постигне колективен имунитет без голем број на жртви.
Според наодите од студијата, 95% од населението во Шпанија сè уште е подложно на коронавирус, што е далеку од постигнување на таканаречениот имунитет на стадото. Колективниот имунитет се јавува кога доволно голем дел од населението се зарази со вирус или бактерии и се стекнува со имунитет, или ако се развие ефикасна вакцина која спречува понатамошна циркулација на инфекцијата.
Студија спроведена на 61.000 граѓани
Европскиот центар за контрола на болести објави дека ова е едно од најголемите европски серолошки тестови за ковид-19. Студијата беше спроведена на 61.000 испитаници.
Слични студии во Кина и САД, исто така, покажаа дека поголемиот дел од населението не е изложено на коронавирус, дури и во области каде има големи избувнувања и значителен број на инфекции, се вели во коментарот во престижниот Лансет.
„Имајќи ги предвид овие откритија, секој пристап кон пандемија што сугерира да се постигне колективен имунитет на природна инфекција не е само неетички, туку и недостижен“, рече вирологотoт за Лансет, Изабела Екерле, раководител на Женевскиот центар за вирусни болести и вирологот Бенџамин Мејер од Универзитетот во Женева.
Лекарите сè уште не се сигурни колку долго антителата обезбедуваат заштита или дали не штитат целосно од повторна инфекција.
Оваа студија беше спроведена од водечки шпански владини агенции за истражување и епидемиологија и започна во април додека нацијата беше под строг карантин.
„Во моментов, тешко е да се постигне колективен имунитет без голем број смртни случаи“
"Релативно ниската серопревленција забележана во контекст на интензивна епидемија во Шпанија може да послужи како референца за другите земји. Во моментов е тешко да се постигне колективен имунитет без колатерална штета, односно без голем број смртни случаи кај ранливите популации и преоптовареноста на здравствениот систем", се вели во студијата.
Марина Полан, водач на студијата и директор на Шпанскиот Национален центар за епидемиологија, изјави за Си-Ен-Ен дека многу експерти веруваат дека „колективниот имунитет бара развој на антитела кај 60% од населението“.
Шпанија беше една од земјите во Европа најтешко погодена од пандемијата на коронавирус. Досега има пријавено повеќе од 290.000 случаи и најмалку 28.000 смртни случаи.
Треба да се напомене дека во урбаната област на Мадрид, која беше најсериозно погодена од ковид-19, забележано е дека повеќе од 10% од популацијата развила имунитет, додека во густо населената Барселона 7% од граѓаните имале антитела. Од друга страна, многу други крајбрежни региони имаа далеку пониски стапки на имунитет.
Според резултатите од првата фаза од оваа студија, спроведена од 27 април до 11 мај, имунитетот го развиле 5% од шпанското население. Резултатите од втората фаза беа објавени на 4 јуни, покажувајќи дека 5,2% од Шпанците имаат антитела. Резултатите од третата и последната фаза беа објавени вчера, и ги потврдија податоците од претходната фаза, односно дека само 5,2% од шпанското население развиле имунитет кон ковид-19.
Студијата наречена Преваленција на САРС-КоВ-2 во Шпанија (ЕНЕ-СОВИД): сероепидемиолошка студија заснована на целата територија на население може да се погледне овде
Извор: Индекс.хр