Колку случаи на коронавирус вкупно имаат екс Ју републиките?
Иако Западна
Европа е лидер по заразени од коронавирус, Балканот исто така има лоша
статистика.
Кога би се собрал само вкупниот број само на поранешните Југословенски републики, збирот воопшто не е за потценување.
Бројката на заразени изнесува 61605 од почетокот на паднемијата па се‘ до денес.
Кога овој број ќе се раздели се доаѓа до следново:
Словенија- 2.190, од кои 123 починале, а 1.854 се излечиле
Црна Гора: 3.301, од кои 52 починале, а 1.445 се излечиле
Србија: 26.738, од кои 605 починале, а 14.047 се излечиле
Хрватска: 5.318, од кои 154 починале, а 4.517 се излечиле
Македонија: 11.202 од кои 505 починале, а 7.108 се излечиле
Босна и Хецеговина: 12.856, од кои 373 починале, а 6.592 се излечиле
Ако на вкупната бројка од 61605 се додаде и таа на Косово од 9.049 ќе се добие вкупна бројка од 70654. Инаку, во Косово има починато 256, а 4989 се излечиле.