КОЛКУ СМЕ ГЛУПАВИ? Ова е листата на најпаметни нации-ќе се разочарате кога ќе видите на кое место е Македонија
Погледнете како изгледа мапата на најпаметните нации во светот и каков е просечниот коефициент на интелигенција во Македонија и другите земји.
Честопати, пола на шега, а пола на вистина, сакаме да кажеме дека на глупавиот човек му е полесно затоа што не знае дека е глуп. Од друга страна, и ние сакаме да се фалиме колку сме неверојатно паметни, а ако размислите малку подобро, ќе сфатите дека никој никогаш не ви се пожалил дека е глуп. Можеби ќе „плачеме“ поради вишок килограми, крив нос, недостаток на пари, но никогаш поради недостаток на интелигенција.
А како всушност стојат работите кога се во прашање нациите – кој е најпаметен и како „стојат“ Македонците на листата?
Според студијата спроведена во 2019 година од истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер, Јапонците имаат највисок коефициент на интелигенција во светот, со просек од 106,49.
На листата топ 10 држави во кои живеат народи со највисок коефициент на интелигенција се Тајван 106,47, Сингапур 105,89, Хонг Конг 105,37, Кина 104,10, Јужна Кореја 102,35, Белорусија 101,60, Финска 101,20, Лихтенштајн 101,07, а десеттото место го делат Холандија и Германија со просечен коефициент на интелигенција од 100,74.Според податоците од оваа студија, просечниот коефициент на интелигенција е 98,16, што не става под просечно паметни, со просечен коефициент на интелигенција во Македонија од 81,91.
Кога станува збор за земјите од регионот, просечниот коефициент на интелигенција во Србија е 89,6, Босна и Херцеговина е 88,54, во Унгарија 99,24, Хрватска 95,75, во Бугарија 90,99, Црна Гора 85,78, во Албанија 81,75 и во Романија 86,8.
Според интерактивна мапа врз основа на податоците од оваа студија, најнизок просечен коефициент на интелигенција има на африканскиот континент, кој е означен со виолетова боја.
FOTO: PIXABAY