Коронавирус ужас: Пилотите ќе ги служат патниците
„ИсландЕр“, националната авиокомпанија на Исланд, со седиште во Рејкјавик, одлучи да го отпушти персоналот во кабината - сите стјуардеси и стјуарди на летот, во обид да ја спасат компанијата од финансиски проблеми предизвикани од вирусот корона, а од денес, патниците ќе бидат опслужени од пилоти.
- Пилотите нема да им треба многу време да туркаат колички низ кабината, нудејќи пијалоци и оброци, затоа што таа услуга е сведена на минимум заради вирусот - „ИсландЕр“ ја објави оваа невидена одлука, според која дел од пилотите сега ќе се грижат за безбедноста на патниците во кабината.
Стјуардите и стјуардесите се одговорни за безбедноста на патниците и тоа е нивната прва и најзначајна улога во авиокомпанијата, за која минуваат низ неколкунеделна обука, така што, како што пренесуваат медиумите, останува нејасно како пилотите ќе успеат да се подготват за оваа дополнителна улога за два дена. Одлуката за разрешување на екипажот од кабината е донесена во петокот, по долги неуспешни преговори со претставниците на синдикатот.
„Бизнисинсајдер“ наведува дека сè уште не е јасно дали е дозволена ваква промена на улогите во регионите кон кои лета „ИсландЕр“, вклучително и САД и ЕУ. „ИсландЕр“ е основана во 1937 година.