Кошулата на Путин на продажба: „Солена“ сума
Непознато лице објави на веб-страницата „Авито“ дека продаца кошула на рускиот претседател Владимир Путин. Кремељ веќе ја негираше неговата автентичност, пренесува Спутник.
Популарната интернет-страница за продажба објави дека кошулата на Путин, која наводно била заборавена во хотелот „Шератон“ во Нижни Новгород, е на продажба. Пронајдена е додека се чистел апартманот во кој престојуваше рускиот лидер.
Кошулата не е испрана, а продавачот е дури и подготвен да ја даде за ДНК експертиза. Се проценува на 165.000 рубли (околу 2.000 евра). Наводно, има многу заинтересирани купувачи.
Рубашку, которую Путин якобы забыл в одном из отелей Нижнего Новгорода, пытаются продать за 165К. В Кремле заявили, что быть такого не может, и посоветовали подобным объявлениям не доверять. pic.twitter.com/MZ5z5evDI5
Путин последен пат престојуваше во работна посета на Нижни Новгород на 10 август 2019 година, каде имаше седница на Советот за развој на физичката култура и спорт.
Портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков, веќе изјави дека не треба да се верува во ваквите најави.
Извор: (Telegraf.rs/sputniknews.com)