Кралот на трубата доби трето дете: Џамбо Агушев го откри името и полот

Светски познатиот наш трубач, Џамбо Агушев, преку социјалните мрежи се пофали дека по трет пат станал татко, добил ќерка.

Агушев штотуку роденото бебе го покажа на јавноста и со неа го сподели и името кое со неговата сопруга го одбрале за ќеркичката. 

„Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добредојте во нашето семејство, моја убава ќерко!“ – напиша Џамбо на турски јазик на неговиот фејсбук профил.


Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак десет години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги и синот Мерт, и новородената ќерка Мелинам.

Пред десет дена трубачот Џамбо Агушев, исто така преку социјалните мрежи се пофали дека неговиот албум според престижната „German Record Critics“ е прогласен за најдобар во светот за 2020 година.


Фото: Фејсбук