Кристијано Роналдо се маскирал во просјак, а преку минувачите ја покажа болната вистина на општеството (ВИДЕО)
Кристијано Роналдо, пред неколку години направи експеримент на улиците на Мадрид. Накратко се преправил во просјак, а случајните минувачи го заобиколиле.
Роналдо не само што е најдобриот фудбалер на светот, тој е и врвен актер, природен комичар и многу добро момче.
Во еден од најдобро изведените примери на шега на фудбалер во јавност, тој се облече како просјак и почна да покажува некои вештини.
По многу шминка и костими - вклучително и лажна коса и лажна брада - најпрепознатливиот светски фудбалер на прометниот плоштад Де Калао во центарот на Мадрид почнал да шутира и да игра со фудбалска топка.
Никој не го забележал бидејќи изгледал како бездомник кој се обидува да заработи неколку евра од мештаните.
Роналдо поминал неколку часа, покажувајќи искрена посветеност на улогата. Набрзо почнал да се шегува со некои од минувачите.
На крајот фудбалерот започнал да се закача со дете кое не било како возрасните. Роналдо му го откри своето вистинско лице и му подари фудбалска топка.
Фото и Видео: Youtube