Купил куќа, а кога видел што има во дворот, како да добил на лотарија

Откритието не било видливо со голо око

Џон Рејнолдс (35) од Тексас со месеци барал недвижен имот. Всушност барал голема куќа со уште поголем двор за децата и двете кучиња.

На крајот, тој се одлучил за куќа во градот Минерал Велс. Му се допаднал дворот, иако со голо око можел да види дека тревата во дворот ќе мора да се коси затоа што била запоставена.

Џон не гледал многу во тој двор, можеби и подобро. Затоа што ако го сторел тоа, тој ќе бил воодушевен пред сопственикот, кој можеби ќе му ја покачил цената.

Имено, откако се вселил и го средил дворот, Џон открил дека во него има огромен базен, кој претходно бил целосно неважен за стариот сопственик.

Како страствен пливач, паднал во позитивен транс, чувствал како да добил на лотарија.


- Се чувствував како случајно да наидов на добитен билет. Никогаш во милион години не помислував дека ќе купам имот кој ќе има базен. Го купив како инвестиција со намера да го продадам подоцна, но со оглед на ова изненадување, се сомневам дека ќе го сторам тоа – изјавил Џон.

Му бил потребни 18 месеци да ја обнови куќата и базенот со димензии 9 х 5 метри. Базенот бил полн со земја, делови за автомобили и стар мебел, а тој вложи 10.000 американски доклари во реновирањето.

Според некои проценки, сега вреди 16 пати повеќе.


Фото: Твитер