Ладнокрвни дела и трагични несреќи: Познати личности кои станале убијци

Многу познати ѕвезди се заслужни за смртта на други луѓе. Некои од нив биле дел од трагични несреќи кои резултирале со смрт, додека другите извршиле ладнокрвни убиства.

Некои од ѕвездите за своите дела заслужиле затворска казна, а другите сепак успеале да се извлечат.

Џејмс Стјуарт

Легендарниот актер Џејмс Стјуарт беше пилот во американските воздушни сили за време на Втората светска војна. Учествувал во неколку бомбашки напади во кои загинале многу војници и цивили.

Дон Кинг

Најпознатиот промотер на боксот, Дон Кинг е виновен за смртта на двајца мажи. Тој го убил првиот маж во самоодбрана, а втората жртва бил неговиот вработен Сем Гарет, кој му должел 600 долари. Сем бил претепан до смрт, а пресуден бил ударот по неговата глава со пиштол. Кинг бил осуден за убиство со четири години затворска казна, а од затвор излегол во 1979 година.

Кејт Мун

Тапанарот на познатиот бенд „The Who“, Кејт Мун го убил својот пријател и телохранител Нил Боланд. Го прегазил со автомобилот кога се обидувал да им избега на безбедносните службеници кои го малтретирале. Мун беше обвинет за смртта на Боланд, за возење без лиценца и осигурување, и возење под дејство на алкохол. Смртта беше прогласена за несреќа, но тапанарот ја превзеде вината за останатите обвиненија.

Фил Спектор

Музичкиот продуцент Фил Спектор бил оптужен за убиство во 2009 година и одредена му е казна од 9 години затвор. Лара Карсон во 2003 година е пронајдена мртва во багажникот од неговиот автомобил. За Спектор во 2013 година е снимен филм, во кој Ал Пачино ја играше неговата улога.

Џони Левис

Ѕвездата на „Синовите на анархијата“, Џони Левис, влегол во домот на 81-годишната Кетрин Дејвис во 2012 година и ја убил. Сведоците го виделе како ја прескокнува оградата, ги нападнал соседите и се вратил во нејзината куќа. На крајот паднал или скокнал од покривот и починал.

Сид Вишес

Басистот на „Sex Pistols“, Сид Вишес, во 1978 година ја избодел до смрт својата девојка Ненси Спанген. Кога прв пат бил испрашуван од полицијата, Вишес тврдел дека ја пронашол мртва на подот од нивната хотелска соба, но подоцна признал дека ја прободел, но не сакал да ја убие.

Снуп Дог

Раперот Снуп Дог и неговиот телохранител се обвинети за убиство на еден ривал на банда. Тој беше ослободен од обвинението по неколку години влечкање по суд, благодарение на неговиот адвокат Џони Кокран.