Легално е да се избега од затвор? 10 чудни европски закони и правила
Невообичаени закони и правила се составен дел од животот. Тие се своевидни сведоци на одредено време и луѓе кои управуваат со некоја област. И да, повеќето од тие закони постојат затоа што никој веројатно не се сетил да ги промени уште од моментот кога беа донесени.
Некои беа изгласани да привлечат внимание кон одредено место или крај. Забавувајте се и проверете ги некои од најчудните европски закони и правила.
1. Висината на казната за пребрзо возењево Финска зависи од вашиот месечен приход - колку е поголема вашата плата, толку е поголема казната. Анси Вањоки, поранешен директор на „Нокиа“, во 2002 година мораше да плати казна од 116 000 евра кога беше фатен како управува мотор 75 километри на час со ограничување на брзината од 50 километри на час.
2. За време на Октоберфест во Минхен, никој никогаш не е легално пијан, без разлика колку алкохол консумирал.
3. Во некои европски земји како Германија, Австрија и Данска, не е нелегално да се избега од затвор. Лицето кое ја издржува затворската казна нема да му се продолжи казнатаза обид да избега - пратениците сметаат дека желбата за слобода е природна и не треба да биде санкционирана.
Едно лице ќе биде казнето само ако при бегство прекрши закон, додека бега - на пример, да провали- скрши прозорец и со тоа да оштети нечиј друг имот, да избега со затворска облека или да стори слично незаконско дело.
4. Секое дете родено во Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllantysiliogogogoch во Велс мора да биде во можност да го напише името на неговиот град до шестиот роденден и да го изговори гласно до 34-годишна возраст.
5. Во Франција е нелегално да се именува својата свиња со името Наполеон, иако поминаа над 200 години од смртта на тој император. Законот датира од 1881 година и беше донесен за народот на тој начин да не искаже непочитувањекон Наполеон Бонапарта.
6. Во Грција во 2002 г. беше донесен контроверзен закон за забрана на електронски игри на јавни места, со цел да се намали бројот на коцкари во земјата. Законот ќе престане да биде на сила во 2011 година.
7. Разводот е нелегален во Ватикан.
8. Иако Монако е познат ширум светот како една од најистакнатите дестинации за коцкање во Европа, на жителите на оваа микро-држава не им е дозволено да се коцкаат во казината Монегаск. Ним им е забрането да влегуваат во казината Монегаск, освен ако не се вработени во нив.
9. Во францускиот град Шатонеуф-ду-Папе во 1954 година беше забрането летање и слетување на летачки чинии. Анти-НЛО законот донесе голема популарност во градот, па се претпоставува дека тоа било негова главна цел.
10. Нелегално е во Севиља да се исуши долна облека на тераса. Може да се дозволи други алишта да се исушат, но не и гаќички или градници. Ако ве фатиатсо ваков прекршок, може да платите казна до 3000 евра.