Леташе со параглајдер седнат на кауч: Некои му се восхитуваат, други дека е глуп

Параглајдинг инструкторот Хасан Кавал од Турција реши на небото да полета удобно седнат во својот кауч, а за целосно искуство стави и телевизор.

Кавал ги „закачи“ каучот и телевизорот на параглајдерот, а целото патување го снимаше со камера. Снимањето на ова необично летање стана хит на Интернет.

По полетувањето, Хасан се потпре на каучот пред телевизорот и не беше заштитенсо безбедносниот ремен.

Тој ги собу чевлите, ги навлече папучите и се опушти уживајќи во чипсот додека леташе неколку стотици метри над морето.