Летечката риба: Летаат со неверојатна брзина од 80 до 90 км. на час

Кога ќе се најдат во опасност, брзо пливаат кон површината на водата. Кога ќе ја достигнат идеалната брзина, ќе полетаат и ќе лебдат над површината. Овие риби успеваат да се издигнат над површината на водата мавтајќи со долгите перки како вентилатор и лебдат во воздухот.

Пред да нурнат во вода, проверуваат дали опасноста поминала. Ако не, тие лебдат по површината на водата и повторно се “лансираат“ во воздухот, менувајќи ја насоката.

Летечките риби можат да летаат со неверојатна брзина од 80 до 90 километри на час и така можат да патуваат и до 90 метри додека бегаат од грабливите риби.