„Љубомората „влече“ корени од сериозно психичко нарушување“: Мудри мисли на Монах Арсеније од Острог
Ви ги пренесуваме мудрите мисли на Монах Арсеније од Острог: „Љубомората „влече“ корени од сериозно психичко нарушување“
Отец Арсеније Јовановиќ, монах од Острошкиот манастир, за кого велат дека не е обичен монах, со своите мудри совети им помага на луѓето да се справат со разни грижи, а во една една прилика зборуваше и за проблемот кој се повеќе ги мачи луѓето - љубомората.
-Љубомората „влече“ корени од сериозно ментално растројство наречено параноична шизофренија во психијатријата. Тогаш лицето верува дека некој му прави нешто лошо или дека сите се против него. Љубомората звучи безопасно, но нејзините корени не се толку наивни. Кога сме љубоморни, се сомневаме, однапред конструираме слики и приказни... На пример кога мажот се сомнева, па има некаква халуцинација, гледа како жената наводно го изневерува, како заминува со некој друг... Ова е сериозно ментално растројство на кое мора да е работи“, предупреди тој.
-Секогаш кога имаме проблем, треба да го решиме со разговор. Не смееме да ги потиснуваме помислите или сомнежите затоа што еден ден тоа ќе избие во голем проблем, затоа постои исповед и разговор, бидејќи овде си имаме работа со демонот на љубомората. Не вистинска љубов, туку демонска - објасни тој.
Старецот на манастирот посветен на светите апостоли Петар и Павле нагласува дека не за џабе се користи онаа народната поговорка „љубоморен како куче“.
- Кучињата се раѓаат со неа, како и лисиците што се лукави. Бог им ги дал овие особини на животните за да можеме да видиме дека тие се животински особини и дека не треба да се поистоветуваме со нив. Мораме да се бориме против овие состојби, а тоа можеме да го постигнеме со Божја помош, истакна тој.
- Мораме постојано да се отрезнуваме, да бидеме будни, постојано да се грижиме за тоа како се однесуваме, што има во нас, како гледаме на другата личност. Да бидеме свесни како ги набљудуваме нашите најблиски, нашите деца, нашата љубов... И ако се почесто си конструирате приказни во вашата глава дека сопругот/гата е со друг/а, навреме „разбудете се“, признајте дека имате нереален проблем , па ќе добиете лекција како да се справите со тоа, вели Арсеније и додаде:
„И јас бев љубоморен, имав девојки, некогаш одамна. Тоа ме измачуваше. Тој демон ме малтретираше, ми го загорчуваше животот, но и на другата личност до мене. Мораме да престанеме со тоа, на тој начин правиме голем грев кон љубовта“, заклучи Отец на Арсеније Јовановиќ.