Љубовна песна - Јахта инспирирана од љубовта кон брегот на Амалфи

Што би се случило ако можеме магијата на брегот Амалфи да ја префрлиме во суперјахта?

Па, очигледно, токму тоа сака да го направи реномираниот италијански дизајнер, Жан Паоло Нари, претставувајќи ја својата зачудувачка нова креација со должина од 148 стапки. Lovesong (Љубовна песна), кој засега е само концепт, е дизајниран во соработка со британското бродоградилиште Brythonic Yachts, додека својот инженеринг му го должи на студиото Kobus Naval Design. Овој брод со три палуби доби челичен труп и алуминиумска конструкција, но може да се заврши и со алуминиум, ако тоа го посака новиот сопственик.


Lovesong нуди флуидни линии и елегантна силуета, кои и даваат нагласена елеганција. На палубите, тој располага со лежалки, чадори за сонце и голем број иновативни начини за пливање, без напуштање на јахтата. Исто така, оваа јахта има специфичен распоред на ентериер, кој нуди доволно простор за десет лица, со сопствен пакет, два ВИП апартмани и две твин кабини. За екипажот има и четири посебни кабини. Главнниот салон и небесната кутија се опремени со преголеми прозорци и врати, давајќи им можност на гостите да уживаат во неверојатната океанска панорама.


Импресивната палуба за сонце е опремена со бар, софи, трпезариска маса и џакузи. Тука има и хелиодром кој може да се претвори во простор за летни забави.

Неговата моќност може да доаѓа од двоен мотор од 1.200 КС, што ќе му даде максимална брзина од 17 јазли и брзина на крстарење од 12 јазли.


„Се обидов да вметнам сè што некогаш би сакал во дизајнот на овој брод. Луксузни карактеристики, како што се три џакузи, клуб за плажа и хелиодром, јахтата Љубовна песна изгледа многу поголема отколку што е всушност “, изјави Нари.


Извор: luxlife.rs

Можеби ќе ве интересира:

Најчудната јахта на светот - дали забележувате зошто? (Видео)

Погледнете ја прекрасната јахта која за изнајмување чини 4 милиони долари неделно (фото, видео)