МАЛ ПОЛОВ ОРГАН НА ГЛАВА - Од срам морал да носи МАСКА кога и да излезе од дома: „Луѓето зјапаа...“(ФОТО)

Човек чиј нос толку пораснал и се деформирал што по некое време веќе не можел нормално да дише или да јаде, бил принуден да носи маска за лице уште пред пандемијата. Работата да биде уште полоша, изгледал како да има мал пенис на главата.

Животот на сликарот Конрад Естрада се превртел наопаку кога почнал да работи на имотот на пластичен хирург, бидејќи имал операција која му го променила животот.

- Луѓето зјапаа во мене, а децата ги прашуваа своите мајки што ми се случило, а јас би ги избегнал со постојано користење на маска за лице. Допираше до моите усни и секогаш кога ќе загризев нешто за време на оброкот, носот ми ја допираше лажицата - изјавил Естрада.

Неговиот работодавец беше никој друг туку д-р Томас Ромо, директор за пластична реконструктивна хирургија на лицето во болницата Ленокс Хил во Менхетен. Додека Естрада го варосувал домот на доктор Ромо во Бронксвил, Њујорк, докторот го забележал неговиот изглед и му понудил бесплатно да го реконструира носот на градежниот работник.


- Случајот на Естрада беше тежок. Носот му беше воспален. И тоа само ќе се влоши со текот на времето. Тоа секако влијаеше на неговиот живот, врските, работата, самодовербата – нагласи д-р Ромо.

Естрада, се испостави, боледувал од ринофима, воспалителна дерматолошка болест, чии причини не се познати. Лекарите, кои Естрада ги посетувал шест години, не можеле да му помогнат и единствено решение било операција.

- Ме виде, ме прегрна и ми рече: 'Ќе ти помогнам' - рече Естрада за Ромо, кој работи и про боно преку својата фондација која на децата со деформитети на лицето им дава шанса за посреќна иднина. Естрада за неколку дена беше опериран, а по еден месец се врати на работа.


Фото: Инстаграм