Малку позната приказна за еден од најдобрите: Еве зошто Коби толку доминираше неприкосновено
Беше лето, 2012 година и Американската асоцијација за кошарка донесе тренер, познат на јавноста како Роб, за да ја одржи физичката кондицијата на Дрим тимот.
Во една прилика Роб ја објави на „Редит“ својата приказна за тоа како го освои еден од најголемите кошаркари во историјата. Еве ја неговата приказна:
„16 години бев тренер, работев со многу спортисти и решив да ви го напишам ова откако погледнав видео од фантастично забивање на Коби Брајант.
Ме поканија во Лас Вегас да помогнам во подготовките на играчите за Олимписките игри во Лондон, од каде што секако донесоа злато. Порано работев со Кармел и Вејд, но тоа беше мојот прв допир со Брајант.
Првиот наш разговор се случи три дена пред првата тренинг сесија каде накратко разговаравме за физичката подготвеност. Потоа му го дадов мојот број и му реков да ми се јави ако сака дополнителен тренинг во секое време.
Вечерта пред мојата прва тренинг сесија ја гледав Казабланка и се сеќавам дека беше околу 3:30 по полноќ. Лежев во кревет, а телефонот ми заѕвони. Кога сфатив дека е Коби, се изнервирав.
"Еј Роб, се надевам дека не те вознемирувам?"
„Ух, секако не. Што се случи? “
„Само што сакав да ве прашам дали можеш да помогнеш со еден тренинг, тоа е сè“.
Погледнав во часовникот - 04:15.
„Секако, ќе се видиме во салата“.
Ми требаа 20 минути за да се подготвам и да го напуштам хотелот. Стигнав пред 5:00 часот, а тој веќе беше натопен со пот во салата како штотуку да излегол од базен.
Тренингот го направивме наредниот час и 15 минути, а потоа тој направи многу вежби во теретана за 45 минути. После тоа, ние се разделивме, јас отидов во хотелот и тој шутираше на кошот.
Се вратив во хотелот и се „распаднав“ на кревет. Во 11 часот морав да бидам на тренинг, се разбудив ненаспан. Фала ти, Коби. Отидов на тренинг, гужва. Леброн разговара со Кармел, тренерот Krzyzewski му објаснува нешто на Дурент, а од другата страна на салата, осамениот Коби го погодува кошот. Му пријдов и го започнав разговорот.
„Добра работа ова утро“, му реков, и го потапкав по рамото.
"А?"
„Тој тренинг утрово, добро го направи. Едвај одев. “
„О, да. Фала за тоа “
"Па, кога ќе завршиш?"
"Да завршам со што?"
„Со шутирање. Кога ја напушти салата утрово?
„Еве токму сега. Јас си поставив цел да постигнам 800 шутирања, и ова е последно“.
Останав во шок. Мајко моја. Тогаш сфатив зошто тој беше таков играч сите овие сезони. Сите овие приказни за неговата напорна работа и неговата посветеност ... Не е ни чудо што дури и таа сезона шутираше фантастично и ставаше кошови како што ќе посака и кога ќе посака“.