Мариупол- пред и потоа! Градот е срамнет со земја
Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на Украина на 24 февруари, руските сили со денови немилосрдно гранатираат бројни украински градови, вклучувајќи го и Мариупол, град во југоисточниот дел на земјата со население од приближно 450.000 жители.
Населбите се срамнети со земја, уништен е голем трговски центар, а Украина соопшти дека Русија бомбардирала детска болница и породилиште за време на прекинот на огнот. Би-Би-Си наведува дека во градот биле ископани масовни гробишта со цел да бидат погребани сите загинати во руските напади.
Рускиот министер за надворешни работи во изјави дека „нема пациенти“ во болницата и дека „таа била под контрола на украинските радикали од баталјонот Азов“ во моментот кога бил нападнат.
Во нападот на болницата загинаа три лица, а 17 се повредени. Меѓу загинатите има и едно дете.
Градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов изјави дека градот моментално нема струја, вода, греење и дека санитарниот систем не работи.
Од градот има информации дека оние кои се во градот ја пијат водата што ја добиваат со топење на снегот и дека се принудени да сечат дрва за да се стоплат и да готват храна.