Мицотакис се пофали: Оскаровецот Том Хенкс и сопругата Рита станаа грчки државјани

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и неговата сопруга Марева во саботата се сретнаа со двајцата официјално нови, познати грчки државјани, славниот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон.

Мицотакис објави фотографија на својот профил на Инстаграм, на која оскаровецот Хенкс и сопругата Вилсон ги покажаа своите новостекнати грчки пасоши.

„Рита Вилсон и Том Хенкс сега се горди грчки граѓани“, напиша Мицотакис.

View this post on Instagram

A post shared by Kyriakos Mitsotakis (@kyriakos_) on


Средбата се одржа на островот Парос, пренесува Катимерини.

Инаку Рита Вилсон има грчко потекло, а Хенкс долго време поседува куќа на островот Антипарос.

Љубовта на славниот актер за Грција е добро позната. 
„Грција е мое прибежиште. Патував низ светот, сум бил на најубавите места, но ниту едно од нив не е како Грција“, изјави во една прилика Том Хенкс.

извор: Kurir.rs / Tanjug,  фото: Instagram / kyriakos