Микро стан од 7 квадрати се продава за 60.000 евра, почетна цена на аукција (ВИДЕО)

Доколку моментално барате нов стан, можеби ќе се чувствувате полесно кога ќе погледнете што се нуди во Лондон за 60.000 евра.

Британската метропола е позната по екстремно високите цени на недвижностите, без разлика дали изнајмувате стан или планирате да го купите. Во Лондон моментално се нуди микро стан со само седум квадратни метри на аукција со почетна цена од дури 60.000 евра.


Овој микро апартман се состои од кревет под кој има простор за складирање. Станот нуди микробранова печка, софа кревет, тоалет и туш. Неодамна реновиран, се наоѓа во населбата Лоуер Клептон. Тој наводно бил изнајмен за 960 евра месечно, пишува Гардијан .

Фото: Printscreen The Gardian