Му солел памет богат на сиромав рибар: Одговорот врв

Еден бизнисмен, кој шетајќи по плажата крај мало бразилско село, здогледал еден рибар како седи под дрвото, пуши цигара и ужива во преубавата глетка која била пред него.

Кога бизнисменот го запрашал зошто седи под дрвото и пуши, а не работи ништо, овој му одоговорил дека фатил доволно риби за еден ден.

Слушајќи го тоа богаташот луто му рекол: Зошто не фатиш повеќе риби отколку да седиш тука во ладовина и губиш време?

Рибарот го прашал: Што ќе правам со таа риба?

Бизнисменот: Рибата би можел да ја продадеш. И кога би заштедел доволно пари, би можел да купиш поголем чамец.

Рибар: Што ќе правам тогаш?

Бизнисмен: Би можел да одиш на риболов во длабоките води и да фатиш уште риби, да заработиш уште повеќе пари. 

Рибар: Што ќе правам после тоа?

Бизнисмен: Би можел да купиш многу чамци и да вработиш уште луѓе да работат за тебе, и така да заработиш уште повеќе пари.

Рибар: Што ќе правам тогаш?

Бизнисмен: Би можел да станеш богат човек, бизнисмен како јас.


Рибар: Што ќе правам тогаш?

Бизнисмен: Па тогаш би можел да уживаш во својот живот.

Рибар: И? Зарем не е доволно она што го правам сега?

Не мора да го чекате утре за да бидете среќни и за  да уживате во животот. Вие не морате ниту да се збогатите, за да уживате во животот.

Животот не е во парите. Но, секој гледа низ различна призма на него.