Јапонецот Шигеми Хирата на свои 96 години влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2016 година затоа што стана најстариот дипломец на светот.
Тој дипломираше на Универзитетот за применета уметност во Кјото. Хирата е роден во Хирошима во 1919 година. Стана познат меѓу студентите токму заради неговата возраст и раскажува дека многу студенти приоѓале и му честитале.
По заминувањето во пензија студирал 11 години.
„Баш сум среќен што на овие години можам да учам и паметам“-вели тој.
Јапонците се познати по долговечноста. Лани во земјата имало 59.000 стогодишници.