НА СТРАНАТА ЗА ИСЧЕЗНАТИ ДЕЦА СЕ ПРЕПОЗНА: ПО 30 ГОДИНИ ОВОЈ ЧОВЕК ЈА ОТКРИ СТРАШНАТА ВИСТИНА ЗА СЕБЕ! (ВИДЕО)

Продавач од Филаделфија знаел дека е посвоен од сиропиталиште.

Стив Картер отсекогаш се прашувал која е вистината за неговото минато и бил шокиран кога ја видел неговата слика на веб-страница за исчезнати деца.

Продавачот од Филаделфија знаел дека е посвоен од сиропиталиште во Хонолулу, Хаваи кога имал четири години, но не знаел зошто, пишува „Мирор“.

Желбата да ја дознае вистината за неговиот идентитет се зголемувала како што стареел, па во 2011 година ја започнал својата потрага.

Тој бил привлечен од приказната за Карлина Вајт, која била киднапирана како бебе и дури години подоцна ги пронашла своите вистински родители. Вистината ја открила кога на веб-страница за исчезнати деца нашла слика од себе како бебе.

Стив одлучи да го стори истото и отишол на Missingkids.com. Така, кога имал 34 години, пронашол слика од момче кое исчезнало на Хаваи и компјутерска генерирана фотографија од тоа момче за да изгледа како возрасен маж. Сличноста била впечатлива.

Веднаш знаел дека тоа е тој.

- Имав морници. Помислив: Срање, тоа сум јас – изјави подоцна за „Пипл магазин“.

Ја контактирал полицијата во Хонолулу.

- Им ги дадов моите информации и тие ги проверија во нивната база на податоци - рече тој.

Тој, исто така, им го дал својот примерок од ДНК во февруари 2011 година и осум месеци подоцна открил дека неговото вистинско име е Маркс Панама Мориарти Барнс.

Неговиот биолошки татко Марк Барнс го пријавил неговиот син како исчезнат пред повеќе од три децении откако неговата мајка Шарлот Мориарти го однела на прошетка кога имал шест месеци и не се вратила. Стив открил дека мајка му го однела во домот на непознато лице, каде дошла полиција, а таа им го дала лажното име и датумот на раѓање на синот.

Таа била пренесена во психијатриска болница, а момчето згрижено во социјалните служби. Меѓутоа, мајката исчезнала неколку дена подоцна. Три години подоцна, Стив бил посвоен од Стив и Пет Картер, кои го одгледаа во Њу Џерси.

Откако полицијата го потврдила неговиот идентитет, Стив стапил во контакт со Џенифер Монхајмер - ќерката на неговата мајка и неговата постара полусестра. Џенифер имала осум години и живеела со својот татко во Ново Мексико кога исчезнале нејзината мајка и Стив. Претпоставила дека се мртви, но ја убедила полицијата повторно да го отвори случајот - и така фотографијата на Стив завршила на Missingkids.com.

Набрзо стапил во контакт со својот татко.

- Сè што можев да кажам е: О, леле - рече Марк Барнс.

Тој се присети колку му било тешко да ги изгуби сопругата и синот.

- Година и пол трчав по островот како лудак - рече тој.

Стив раскажа како полека ќе го запознае своето вистинско семејство и дека е пресреќен бидејќи ја дознал вистината.