Надразливи или секси: Какви мажи сте според бојата на очите?
И во сексот и секако се разликуваат...
Не се зборува без причина дека очите се огледало на душата. Тие навистина можат да ни откријат нечиј карактер. Затоа би било паметно мажите да си знаат детално какви се најчесто, иако секогаш постои исклучок.
Кафените очи се најчести, следат сините, а најретки се оние со зелени очи. Откријте каков човек се крие зад секој изглед.
Кафеави очи
Мажите со кафеави очи се сметаат за нежни, лојални и сигурни партнери. Тие се полни со доверба и решени да ги исполнат целите што си ги поставиле.
Забавни се и спонтани, со отворен ум. Тие се вистински авантуристи кои уживаат во животот.
Она што е интересно е дека се големи спанковци, така што утринскиот секс не е нешто што ќе ги исполни до максимум.
Сини очи
Со сини очи се смирени по природа, така што секогаш ќе се обидат да избегнат непотребни проблеми. Иако не сакаат бучава и жени со посебен темперамент, тие се многу импулсивни кога се во прашање дразбите, што ги прави особено страствени љубовници.
Често пати размислуваат за животот или за планирањето, бидејќи тие не оставаат ништо на случајноста.
Уживаат во флертувањето и на девојката или жената што ја сакаат се подготвени да направат се за да ја освојат.
Зелени очи
Жените ќе имаат среќа ако наидат на ваков „примерок“ затоа што овие момци се реткост, затоа не е изненадување што нивната личност е поврзана со мистерија.
Обично се во одлично расположение за сите активности во кревет - тие се имагинативни и секогаш подготвени за експерименти, но не се некои на кои можете да им верувате. Често ги менуваат договорите и плановите, и не ги известуваат жените за тоа.