Најпрецизни на светот: 5 најдобри снајперисти во историјата
Член на елитната единица на Специјални војници го постави новиот снајперски рекорд - убивајќи припадник на ИСИС - и тоа со прецизен истрел од неверојатни 3450 метри. Изгледа како тоа да е вештина во која најдобри се Канаѓаните, што докажува и рекордот на 5 - те снајперисти низ историјата.
1. 3450 метри
Неименуван Канаѓанец во Ирак стана носител на официјалниот рекорд во најодалечен истрел. За такво нешто да се оствари, треба да се поклопат многу услови - недостаток на ветер, одлучна видливост и она најважното - неверојатната прецизност на оној кој пука. БиБиСи извести дека војникот пукал од една повеќекатница, а метакот летал 10 секунди пред да ја погоди својата мета.
2. 2475 метри
Британскиот снајперист Крег Харисон и поранешниот рекордер со два прецизни истрели влезе во Гинисовата книга на рекорди, каде што со својот снајпер L115A3 погодил двајца Талибанци, јужно од градот Муса Кала во Авганистан.
3. 2430 метри
Ништо помалку импресивен не е ни истрелот на Роб Фурлонг, припадникот на канадската пешадија, кој пукал во 2002 година во Авганистан. Во тоа му помогнала пушката McMillan Tac - 50.
4. 2310 метри
Само неколку дена пред врниот истрел на Роб Фурлонг, уште еден Канаѓанец имал врвен напад. Арон Пери го погодил непријателот на одалеченост од 2310 метри со снајперот 12.7 mm McMillan Tac - 50. Она што овој рекорд го прави посебен е фактот дека патот на метакот траел 4 секунди и имал вертикален пад од дури 44,5 метри.
5. 2300 метри
Наредникот Брајан Крамер во март 2004 година во Ирак низ покривот на зграда со пушката Barrett M82A1 го погодил непријателскиот војник на одалеченост од 2300 метри, а неверојатно е тоа што успеал од својот прв обид.