Наместо куќен притвор побарал да оди во затвор, вели - животот со сопругата ми е невозможен

Маж осуден на домашен притвор се пријавил во полициска станица и побарал да биде ставен во затвор бидејќи неговиот живот со сопругата и нејзиното семејство бил невозможен, објавија во саботата италијанските карабинери.

30-годишен Албанец кој живее во градот Гидонија Монтечело во близина на Рим „не може повеќе да го издржи принудениот соживот со сопругата“, соопштија карабинерите од соседниот град Тиволи.

„Во очај решил да побегне, спонтано се пријавил кај карабинерите и побарал да ја отслужи казната зад решетки“, додаваат тие.

Човекот е осуден на неколку месеци домашен притвор за злосторства поврзани со дрога и треба да отслужува таква казна неколку години, што му изгледало безнадежно, изјави капетанот Франческо Џакомо Феранте од Тиволи.

Рече дека „животот му станал пекол“ и „дека повеќе не може“, па „сака да оди во затвор“, објасни капетанот.

Кога се пријавил кај карабинерите, човекот бил уапсен поради кршење на куќниот притвор, па правосудните органи наредиле да биде ставен во затвор.


Фото: фреепик