Нарача даска за сечење, а кога пристигна пратката беше шокирана од 18+ деталот

Една жена на Твитер тврди дека видела непримерен цртеж на нејзината нова даска за сецкање, која ја нарачала преку Амазон, што наликува на пенис, пишува Mirror.

Таа рече дека откако ги разгледала сите понуди на Амазон, решила да нарача даска чиј дизајн најмногу ѝ се допаднал. Купила двоен сет на даски за сечење, за што платила 15 евра.


Откако пратката пристигнала на нејзината адреса, таа била непријатно изненадена кога ја отпакувала. На една од даските, врежана во бел мермер, имаше многу сугестивна слика, која заинтригира многу корисници на Интернет.

Фотографијата ја сподели на Твитер нејзината пријателка, која во описот на фотографијата објасни дека жената ги нарачала даски и дека гратис добила нешто сосема неочекувано.

Постот„заработи“ повеќе од 330.000 лајкови и мноштво коментари.


„Не гледам проблем, таа доби бесплатно месо“, се пошегува еден коментатор.

„О Боже, тоа е многу детално“, напишал друг.

"Како е ова дури и можно?" праша трет.