Наследникот на Аркан, Вељко Ражнатовиќ започнува бизнис со свињи
Покрај боксот, синот на Аркан и српската фолк дива Цеца, Вељко Ражнатовиќ, исто така, ќе се обиде и во земјоделство.
Тој започнува свој бизнис - одгледување свињи на имот во Тител, од каде е и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ, која ќе игра значајна улога во овој бизнис.
Иако е успешен во спортот, Ражнатовиќ не сака тоа да биде негово единствено занимање. Во исто време, тој е свесен за состојбата во целиот свет, а особено дека спортот скоро запрел поради пандемијата на коронавирус и дека сè е неизвесно. Освен тоа, иако и двајцата се од добростоечки семејства, ниту Вељко ниту Богдана не сакаат да зависат од нивните родители и да ги трошат нивните пари, туку да бидат сами. Затоа, тој ги зеде работите во свои раце и откако се консултираше со своите најблиски, одлучи да започне приватна работа.
Соговорник кој е близок на Ражнатовиќ вели дека Вељко е многу сериозен во својата намера и веќе започнал со истражување, читање стручна литература за одгледување животни, преглед на потребната опрема, консултација со експерти и во блиска иднина ќе започне со работа на семејната фарма. Тој е свесен дека мора да вложи многу пари во опрема, но она што за него е олеснителна околност е што тој има одлично место за тоа. Вељко го видел потенцијалот на величествениот имот во Тител, кој го добил како мираз од родителите на Богдана, и решил да го искористи на вистински начин.
Според соговорникот, Ражнатовиќ најверојатно ќе започне со најлесната работа - одгледување на свињи за гоење, што се препорачува за почетници. Ако тоа напредувадобро, во меѓувреме би можел да продолжи со одгледување прасиња и тогаш ќе направи вистинска специјализирана фарма за многу поширок пазар. Освен тоа што тој планира да продава свежо месо, вредниот Ражнатовиќ ќе произведе и деликатес - печеница, проскето, но и сланина и колбаси, а тој ќе има и соба во која ќе го суши месото. Селото има одличен квалитет на воздухот, што е добро за добитокот, особено за свињите, за кои е важен кислородот, затоа што тие го консумираат многу, но и го загадуваат.
Цеца не го коментираше ова.
Извор: Србија данас