Научниците тврдат: Сѐ почесто сме уморни и - ГЛУПАВИ!
За прв пат, научниците предупредуваат какво влијание ќе има растот од емисиите на стакленички гасови врз човечката когнитивна способност, а истражувањата покажуваат дека до 2100 година ќе има четири или пет пати повеќе СО2 во воздухот.
Научниците објавија дека зголемувањето на нивото на емисија на стакленички гасови што може да предизвика ефект на стаклена градина, може да влијае на луѓето, така што човекот ќе биде многу уморен, ќе заборава и ќе биде глупав.
Попладневниот замор што го чувствуваат оние што работат во затворени канцеларии без добра вентилација може да стане проблем за целото човештво. Поточно, нивото на јаглерод диоксид најбрзо расте, кога има недоволно кислород и каде што вентилацијата е слаба; тоа е причината зошто оние кои работат и остануваат во затворено може да бидат први кои доживеале летаргија, пад на енергијата и бавноста.
„Порастот на нивото на јаглерод диоксид не само што ќе влијае на канцелариите, туку ќе влијае на целата човечка популација до крајот на векот“, напишале научниците од колеџот на Универзитетот во Лондон.
Ова е првпат научниците да предупредуваат на влијанието врз нашата когнитивна способност на порастот на нивото на гасовите што го сочинуваат ефектот на стаклена градина. И познато е дека заради употреба на фосилни горива, нивото на штетни гасови само ќе се зголеми со текот на времето; имено, употребата на нафта, јаглен и природни гасови се главните причини поради кои емисијата на јаглерод диоксид предизвикува вакви големи климатски промени на Земјата.
„Човечките когнитивни способности се намалуваат со порастот на СО2“, напишале британските научници, истакнувајќи дека „директно влијание на емисијата на СО2 врз когнитивните функции на луѓето може да биде неминовна“.
Во својот извештај, тие исто така предупредуваат дека нивоата на јаглерод диоксид во воздухот до 2100 година ќе бидат четири до пет пати повисоки отколку што се денес, а како што велат, високите нивоа на СО2 и сега влијаат на нашата меморија, концентрација, па дури и можноста да се донесе одлука.
Иако ова истражување е сè уште во раните фази, веќе покажа дека најголемото зголемување на јаглерод диоксидот во воздухот ќе се случи токму во Лондон, каде штетните гасови ќе бидат неколку пати поголеми од сегашниот просек, заради количината на фосилни горива во огромни количини на дневна основа.