Научниците влегоа во „лулката“ на коронавирусот: Изложени на некои од најсмртоносните вируси
Претходно темелно се заштитија целосно со скафандери, маски и сополнителна заштитна опрема од која буквално не може да се види кожа и тргнаа да го истражуваат Системот Пештери Лимастон, во провинцијата Јунан, во југозападна Кина. Вооружени со рефлектори и мрежи, целта им беше да утврдат дали пандемијата во која досега уби и зарази милионилуѓе, доаѓа од лилјаци и како вирусот мутирал.
Како што изјави за Си-Ен-Ен, Питер Дазак, научник и дел од невладина организација со седиште во САД, наречена EcoHealth Alliance специјализирана за истражување на пештери и лилјаци, тие зелекрв од животните што ги фаќаат, како и плунка и други секрети. Потоа ќе анализираат сè внимателно.
„Прво мора да се заштитиме темелно. Дури и најмаласекрецијата од лилјак може да биде фаталена затоа што содржи вируси на некои од најопасните заболувања во светот “, рече тој.
Дазак е познат и како ловец на вируси.
Тој вели дека досега анализирал 15.000 лилјаци и пронашол околу 500 верзии на коронавирусот.
„Една од тие вируси, пронајдена во Кина во 2013 година, е веројатно предок на КОВИД-19“, пренесува Си-Ен-Ен.
Само два вида на вируси кои нападнале луѓе од оваа група на заболувања, се регистрирани пред пандемија од почетокот на оваа година.
И двата беа откриени пред околу 60 години. Но, оваа експедиција открила пет други видови човечки коронавируси. Дазак посочува дека лилјаците носат до 15.000 верзии на коронавирусот.
„Знаеме само неколку стотици. Остатокот е неистражена област “, вели тој.
Неговиот тим не е единствениот што „ги окупира“ пештерите и брка лилјаци.
Другите две претежно американски екипи се веќе во Бурма и Кенија, каде спроведуваат слични истражувања. Тимот на Бурма веќе објави шест нови верзии на коронавирусот.
Дазак посочува дека тие со години се фокусираат на Кина како земја во која локалното население има чест контакт со дивиот свет, вклучувајќи ги и лилјаците. Ги ловат, јадат и продаваат на локалните пазари.
„Анкетата во 2015 година покажа дека околу 3 проценти од локалното население има антитела на коронавирус.
„Можно е дека тие дури и да не знаеле дека се заразени или дека само неколку клетки во нивното тело биле погодени од коронавирусот. И врз основа на тоа, тие развиле антитела “, рече научникот.
Си-Ен-Ен исто така известува дека Институтот за вирологија во Вухан, од каде започна пандемијата, веднаш ги анализирала првите примероци и ги споредила со EcoHealth од 2013 година.
„Сличноста беше неверојатна. Дури 96,2% од карактеристиките на овој и тој вирус беа идентични ”, рече научникот. Тој додаде дека веројатно друго животно го „собрало“ вирусот, го „преработило“ во неговото тело, и како таков доспеал до човек.
Си-Ен-Ен исто така посочува дека откривањето на изворот им овозможува на научниците да предвидат и каде може да се појави инфекцијата, што го овозможува превентивното дејствување.