Не сакаш фасада, епа еве ти: Урнебесно решение, ова е хит

Животот во станбена зграда многу зависи од добрососедските односи, а доколку сте опкружени со „тешки“ станари, лесно може да се случи секојдневието да ви се претвори во пекол поради такви работи.

Жителите на една зграда кои решиле да ја обноват фасадата живеат со ваков намќор сосед.

Имено, на фотографијата објавена на социјалните мрежи се гледа дека надворешноста на зградата е речиси целосно обоена во портокалово, освен еден стан.


Во описот на фотографијата направена, како што се тврди во коментарите, во Калесија во Босна и Херцеговина, се споменува сцената од „Пријатели“ во која Рос одбива да учествува во собирање пари за чувар кој ќе оди во пензија со изговор дека тукушто се вселил во зградата и не го ни сретнал тој чувар. Поради ова, тој им застанал на патот на новите соседи кои го нарекле циник.

„Не мораше да реновира поради новата сателитска антена“, „Сам ќе си ја обои фасадата, но во друга боја и со своите мајстори“, се само дел од коментарите на оваа урнебесна, но во исто време трагична сцена.