„Не секој херој носи наметка“: Ова е фудбалерот на столетието

Ѕвездата на Полска, Пјотр Зиељински е брилијантен фудбалер, но веројатно уште подобро- неверојатно човечко суштество.
Играчот од средниот ред на Наполи го постигна својот прв гол во историјата на Светското првенство во победата на Полска од 2-0 над Саудиска Арабија во групата Ц.
Тоа беше негов прв удар кон голот на турнирот и ја постави Полска на нивниот пат до првата победа. По тој успех, социјалните мрежи станаа свесни за тоа колку скромниот и дарежлив е 28-годишниот играч всушност вреди и приватно. Женет е и има син.
Како што објави Sport.Pl, Пјотр има своја добротворна организација наречена фондација „Петар Пан“ - всушност неговото име Пјотр преведно во Петар на англиски.
Со свои пари, тој купил и реновирал две згради кои ги претворил во сиропиталишта за деца.
Добротворната организација е со седиште во Забковице и им помага на младите чии семејства биле погодени од алкохолизам, злоупотреба на супстанции и други „патолошки“ проблеми.
„Веруваме дека емоционалната и суштинска поддршка ќе им овозможи да преживеат тешко време, да ги искористат тешките искуства и подобро да се справат во животот. Сметаме дека со изградба на мрежа на волонтери ќе можеме да ја одржиме и умножиме дадената помош“.
Родителите на Зиељински згрижуваат деца од 2002 година и тие ја водат добротворната организација и се грижат за децата. Пјотр сака да ја посетува институцијата и да поминува време со дечињата.
Овде совршено се вклопува фразата „Не секој херој носи наметка“.
Фото: Инстаграм