Не знае како да преживее со 3.000 евра месечно: Руски олигарх се пожали на санкциите

Изјавата на Фридман набрзо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи, бидејќи неговата нето вредност беше речиси 7,5 милијарди фунти (околу 8,3 милијарди евра).

Западните земји воведоа бројни санкции кон Русија поради нејзиниот воен напад врз суверена и независна Украина. Санкциите погодија голем број руски олигарси, од кои еден беше Михаил Фридман, кој во интервју за Блумберг се пожали дека не знае како да „преживее со 3.000 евра месечно“.

Изјавата на Фридман набрзо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи, бидејќи неговата нето вредност беше речиси 7,5 милијарди фунти (околу 8,3 милијарди евра).

„Моите проблеми се навистина ништо во споредба со нивните проблеми“, рече Фридман, кој тврди дека казнувањето на милијардери како него покажува загрижувачко недоразбирање на моќта во Русија.


Фото: Твитер

Фото насловна: Youtube  - screenshoot - Sky News