Неговите солзи ја заобиколија планетата: Во земјотресот ги загуби таткото, мајката, браќата и дедото, но дресот на Реал Мадрид му даде нов живот (ВИДЕО)
![](/media/main/2023/09/20230918124455.png)
Мароко неодамна беше погоден од силен земјотрес во кој загинаа повеќе од 3.000 луѓе. Голем број останаа без покрив над главата.
Разорниот земјотрес уништи многу семејства, меѓу кои и семејството на 14-годишниот Абдул Рахим Авхид. Го загуби целото семејство, таткото, мајката, двајцата браќа и дедото.
Камерите го снимија ова момче кое го преживеа земјотресот во дресот на Реал Мадрид. Неговата изјава за судиската телевизија Ал Арабија привлече големо внимание, особено откако изјави дека дресот е единственото нешто што му останало од облеката.
Абдул со години тренира фудбал, а желбата на татко му била да го продолжи образованието во Шпанија и да игра за Реал. И сега неговата желба може да се оствари.
Шпанските медиуми пишуваат дека челновите на Реал реагирале и дека контактирале со саудиска телевизија за да дојдат до момчето. Во тоа успеале и му понудиле на неговиот вујко, кај кого момчето моментално престојува, да го пушти момчето да дојде во нивната академија.
Фото:screenshot