Некогашниот светски шампион произведува марихуана: „Пушиме околу 40.000 долари месечно“

Бившиот американски професионален боксер и светски шампион во супер тешка категорија Мајк Тајсон, купи ранч во Калифорнија на кој ги одгледува скоро сите видови на марихуана.

Бившиот спортист отвори бизнис во држава каде што употребата на оваа дрога е потполно легална. Во бизнисот му помагаат пријателите и неговиот бизнис партнер, бившиот НЛФ играч Ебен Бритон.

Тајсон не само што произведува марихуана, туку и ја конзумира. Тој вели дека „робата“ му е одлична, како и фактот дека месечно пуши трева во вредност од 40.000 долари.

„Колку пушиме месечно? Па, околу 40.000 долари“ – изјави Тајсон за „Hotboxin".


Неговиот бизнис партнер додаде дека тој и Мајк го испитуваат квалитетот на производите.

Ранчот на Тајсон, кој се простира на околу 16 хектари, секој месец продаваат марихуана низ амбулантите во Калифорнија и Невада во вредност од околу 500.000 долари.

Тајсон се надева дека неговиот ранч ќе биде привлечен како туристичка атракција, вклучувајќи го и „Kind Music festival".