Нема да владеам до крајот на животот! Путин испрати сигнал дека се повлекува од позицијата претседател

Рускиот претседател ги обелодени плановите за нов предлог-закон

Рускиот претседател Владимир Путин (68) испрати сигнал дека може да го напушти Кремљ, пишува Дејли меил.

Путин му предложи на Парламентот нацрт-закон според кој поранешните претседатели може да бидат доживотни сенатори во Советот на Федерацијата и на таа позиција назначи уште седум службеници.

Нацртот, исто така, предвидува правен имунитет и некои други придобивки за поранешните претседатели, а се појави четири месеци откако Русија го смени уставот, така што Путин може да се кандидира за нови шест години мандат за шеф на Кремљ во 2024 и 2030 година.

На овој потег, Западот гледа како аспирација на Путин да остане на власт до свои 83 години.


Британскиот весник наведува дека Русија на овој начин го копира стариот британски систем.

- Ова е копија на застарениот британски систем во Домот на лордовите - изјавува извор од Москва за Дејли меил.

Бидејќи повеќето руски официјални лица се принудени да се пензионираат до 70-та година од животот, ова, според британскиот весник, може да значи дека Путин брза да номинира наследник или дека сака да се осигура во случај на болест.

Според новите правила, Путин може да стане доживотен сенатор во рок од три месеци по напуштањето на претседателската функција, или на крајот од неговиот мандат или вонредно.


Фото: Tanjug

Можеби ќе ве интересира:

Кој е Сергеј Лавров: Министерот „ЊЕТ“