Нераскажани вистини: Откриени шокантни детали од животот на Мајк Тајсон
Во биографијата на славниот боксер Мајк Тајсон, под наслов
„Нераскажани вистини“, може
да се прочитаат многу пикантерии од неговиот живот, особено во 90-тите години.
Како што вели, за време на престојот во затворот во Индијанаполис од 1992 до 1995 година, тој имал толку многу секс што не можел да тренира или да шета во дворот, но „се опоравувал“ во ќелијата цел ден.
Тој имал премногу секс во текот на животот, а пред да замине во затвор, тој вели, спиел со 15 жени секој ден.
Во неговиот тригодишен „мандат“ зад решетки, Тајсон, исто така, наводно спиел со жена која била советник за дрога. Според неговата автобиографија, тој и понудил 10.000 долари за да имаат секс, а таа се согласила. Оттогаш таа редовно го посетувала и спиела со него.
Еден од неговите телохранители, ги покажал имињата на околу 1.300 жени со кои спиел боксерот за време на неговиот живот.
Исто така, Тајсон имал секс со Наоми Кембел во бања на забава во Њујорк, а неговиот телохранител „чувал стража“.
„ Го видов Мајк како разговара со убава девојка. Не бев сигурен која беше, додека не погледнав подобро и тогаш сфатив дека е Наоми Кембел. Мајк ми рече да одам во тоалет, а многу подоцна, отиде по него и Наоми. Дојдов до вратата на тоалетот и на сите оние кои сака да влезе да ја изврши својата физиолошка потреба, им реков дека е зафатено и дека ќе мора да почекаат“, пишува во автобиографијата на Тајсон..
Тајсон, исто така, во една прилика признал дека имал секс со благајничката во затворот, нудејќи и големи пари за тој вид услуга, само затоа што во тој момент била единствената жена во затвор.