НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА ОД АУШВИЦ: Се заљубиле среде ужас, а по 72 години повторно се сретнале - таа го погледна и низ солзи го кажа ова

Висна (17) бил еврејски затвореник, собирал тела на логорски самоубијци и им пеел на чуварите. Хелен (25) била притворена, графичка дизајнерка, а свирела клавир и мандолина. Висна ја здогледал Хелен пред гасната комора и оттогаш започнала нивната љубовна приказна.

Средба на љубовници од Аушвиц по 72 години.
Станале љубовници и се среќавале еднаш месечно во одредено време, на истото место. Не зборувале многу, а кога зборувале, се сеќавале на нивните минати животи.

Со мислите тие не беа во Аушвиц, а колегите логораши биле на страната на љубовта и чувале стража за да ги предупредат ако доаѓаат чуварите.

Неколку месеци биле утеха еден на друг, но знаеле дека тоа нема да трае вечно, бидејќи насекаде околу нив се случувала смрт.
Иако знаеле дека ќе бидат разделени, планирале иднина надвор од Аушвиц. Сепак, тие ја чекале таа средба во следните 72 години. 

Хелен беше меѓу првите Евреи кои пристигнаа во Аушвиц во 1942 година. По напорна работа, таа беше префрлена да го регистрира доаѓањето на жените во логорите. Таа ја искористи својата привилегирана позиција за да им помогне на затворениците и сојузниците. Висна бил распореден во погребалното претпријатие и ги собирал телата на затворениците кои се фрлале на електричната ограда.

За време на последната средба си ветиле дека по војната ќе се сретнат во Варшава. Висна бил префрлен во Дахау, од каде набрзо избегал и почнал да фантазира за животот во Америка. „Не сакав повеќе да имам никаква врска со ништо европско, станав 110 отсто Американец.

Хелен пак последна го напуштила логорот жива, била испратена во Равенсбрук и со чиста среќа го избегнала „маршот на смртта“. Таа се вратила во родната Братислава.  Во септември 1945 година, Хелен се омажила за Ервин Тихауер, началникот на полицијата, а двојката набрзо се преселила во Америка.

Во 1947 година, Висна ја запознал својата идна сопруга Хоуп на свадба. Откако се населил со неа во Филаделфија, еден пријател го известил дека Хелен живее во Њујорк. Нивниот пријател договорил состанок, а тој ја чекал во лобито на хотелот спроти Централ Парк.

Но тогаш таа не се појавила.
- Сфатив дека е подобро да не се гледаме. Таа беше мажена, а јас се оженив - рекол Висна. 

Во 2016 година, тој се обиде повторно да дојде до Хелен, а таа конечно се согласи да се сретнат. Поминаа 72 години откако последен пат се виделе.

Кога пристигнал во нејзиниот стан ја затекнал во болнички кревет, таа го губела видот и слухот и била сосема сама. „Кога ме виде, очите ѝ светнаа, како животот да ѝ се вратил.“ 

„Пет пати те спасив од смрт. Те чекав во Варшава, те сакав, но никогаш не дојде.“ - рече таа.
„И јас те сакав“, ѝ рекол тој. 

Никогаш повеќе не се виделе. Таа почина во 2018 година на 100-годишна возраст, а тој пат кога се видоа, Висна ѝ пееше унгарска песна, истата онаа што таа го учеше во Аушвиц. Тој се сеќаваше на сите зборови.

извор:beograd.in