НЕВЕРОЈАТНО: Што сè собира во стан од 25 квадратни метри!

Неговите родители мислеа дека нивниот син полудува кога купил толку мал стан. Но, Кристијан Шелер виде огромен потенцијал во минијатурните 25 квадратни метри и знаеше како да го искористи максимално.

Овој стан во Барселона е вистинско чудо, бидејќи никогаш не би помислиле дека е толку мал со оглед на идеалното користење на просторот. Можеби ова ви звучи нереално, но ќе бидете убедени во тоа кога ќе го погледнете видеото.

Архитектот го направи овој простор вистинско „Лего“ кралство, затоа што се расплетува секое парче мебел, создавајќи нова „просторија“. Како што вели Кристијан, овој стан ве охрабрува да бидете активни, бидејќи за да „создадете“ мебел, секогаш мора да собирате нешто - поместете го креветот и ќе добиете кауч, а спуштете го делот од ѕидот, ќе добиете трпезариска маса. Ова можеби ви звучи како научна фантастика, но уверете се сами!


Фото и Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира:

Запуштен стан од 40 квадрати го претворија во трособна рајска оаза